Франција казнета со 10 милиони евра бидејќи не успеа да го подобри квалитетот на воздухот

233

Највисокото правно тело во Франција ја казни државата со 10 милиони евра бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одделни области во земјата. Судот се закани и дека ќе ја казнува државата со дополнителни 10 милиони евра на секои шест месеци додека не се исполнат стандардите.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, ѝ нареди на владата да ги намали нивоата на азотен оксид и штетни честички во повеќе од 10 зони, за да бидат во согласност со европските стандарди, пренесува Ројтерс.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одделни зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година било премногу високо во Париз и Лион.

Владата се брани дека вовела нови мерки минатиот јуни со цел да го исчисти градскиот воздух, вклучувајќи воведување зони со мала емисија на штетни гасови, дека поттикнувала купување електрични и хибридни автомобили.

Сепак, судот се закани дека ќе ја казнува државата со дополнителни 10 милиони евра на секои шест месеци додека не се исполнат стандардите.

Фото: Pixabay