Франција финансиски ќе го поддржи огранокот на произведувачот на автомобили PSA Peugeot Citroen со пет до седум милијарди евра во банкарски гаранции. За возврат, владата од Peugeot ќе бара да го намали бројот на работни места што планира да ги укине во рамките на планираната реорганизација.
Францускиот произведувач на автомобили најави укинување на 8.000 работни места во рамките на големото реструктуирање. Со оваа понуда владата очекува дека бројот на планирани откази ќе биде намален за неколку стотини.
Големите загуби го ограничија маневарскиот простор на Peugeot за пронаоѓање независен извор на финансирање, а дополнитено ги погоди и намалувањето на бонитетот.