Франција ќе забрани производство на нафта

16

eiffel-tower-1156146_960_720Фото: Pixabay

Францускиот парламент донесе закон којшто забранува производство на нафта и гас од 2040 година, пишува Guardian.

По 2040 година нема да се издаваат нови дозволи за екстракција на фосилни горива и нема да се обноват постоечките лиценци. Целото производство на територијата на Франција ќе биде забрането. Земјата годишно ископува приближно 815.000 тони нафта, количина што во Саудиска Арабија се вади за неколку часа.

Планот на Франција е да ја преземе водечката улога како голема светска економија којашто се префрла од фосилни горива и нуклеарна индустрија во обновливи извори.

Владата, исто така, ќе забрани и продажба на автомобили на дизел и бензин до 2040 година.