Франција најавува целосно полни капацитети за складирање гас додека Русија ги намалува испораките

58

Француската влада има за цел – полни капацитети на резервите каде се складира природен гас до есен, во момент кога европските земји се подготвуваат за намалување на снабдувањето од Русија додека војната во Украина се уште трае. Тоа го изјави  француската премиерка Елизабет Борн.

– Ние обезбедуваме целосно пополнување на нашите капацитети за складирање, со цел да бидеме близу 100 проценти до почетокот на есента, изјави таа.

Според неа, Франција, исто така, ќе изгради нов пловечки терминал за метан за да добие повеќе енергетски резерви со бродови.