Франција основа фонд од три милијарди евра за средни и големи компании

32

Франција основа фонд за поддршка на средни и големи компании за излез од кризата што ја предизвика пандемијата, вреден три милијарди евра, најави францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

Целта на фондот е да им помогне на компаниите со заеми или капитал, за да може повторно да заздрават.

Фондот се основа во рамки на низа нови мерки што вклучуваат забрзано реструктуирање на долговите и помош на компаниите да добијат повеќе време за враќање на заостанатите обврски за данок и придонеси за плата.

“Целта не е да ослабнат акциим ниту е целта државата да стане главен акционер на француските компании. Наша цел е да обезбедиме премин од кризата за да може компаниите да закрепнат“, рекол Ле Мер.

Долгот на француските компании минатата година порасна за 230 милијарди евра, што е за 10% од бруто домашниот производ, бидејќи масовно земале кредити.