Франција почна со директни испораки на гас за соседна Германија

55

Франција почна со испораките на природен гас за Германија откако изврши технички прилагодувања на гасоводот што ги поврзува соседните држави, соопштено е од францускиот оператор „GRTgaz“.

Сега гасот се транспортира директно преку единствената гасна интерконективна точка меѓу двете земји во близина на селото Нидергајлбах, во југозападна Германија.

„Во новонастанатата енергетска ситуација поврзана со војната во Украина, Франција покажува солидарност со својот германски сосед со непосредните испораки гас“, се посочува во соопштението.

Првично преку границата ќе поминуваат 31 гигават-часови дневно, од максималните сто гигавати колкав што е дневниот капацитет на интерконтекторот.