
Значително зголемување на извозот во септември 2026 година во споредба со истиот период од претходната година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408 167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 566 113.5 милиони денари, што е за 7.94 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.8 % во вкупната размена.
Извоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
- 408 167.8 милиони денари: +10.8 %
- 6 623.1 милион евра: +10.8 %
- 7 688.3 милиони САД долари: +14.9 %
Увоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
- 566 113.5 милиони денари: +7.9 %
- 9 186.1 милион евра: +7.9 %
- 10 665.9 милиони САД долари: +12.0 %
Фото: Gemini











