Франција стана најголем купувач на руски течен гас

112

Франција стана најголемиот купувач на руски течен природен гас, покажуваат податоците на финскиот центар за анализа CREA.

Германскиот магазин Die Welt пишува дека причина за тоа се проблемите кои Франција ги има во енергетскиот сектор.

Од технички причини, работата во голем број нуклеарни централи беше прекината, што доведе до намалување на производството на електрична енергија, пренесува Екапија.

Весникот потсетува дека Франција не добива руски гас преку гасоводот од средината на јуни.

Франција, за разлика од Германија, има четири терминали кои веднаш можат да примаат руски течен природен гас.