Франција: Забрана за користење на слушалки при возење

24

slusalki

На возачите на моторни возила, мотоцикли, па дури и на велосипеди, од први овој месец им се забранува носење на слушалки во текот на возењето, пишуваат француските медиуми.

Забраната се однесува како за слушалки за водење телефонски разговори, така и за слушање музика, радио и слично. Во случај на непочитување на овие одредби предвидена е казна од 135 евра и одземање на три казнени поени.

Целта, како што наведуваат тамошните власти, е да им се забрани на возачите да бидат изолирани од надворешното окружување и од губење на концентрација при возење додека користат слушалки.