Франција забрани користење на мобилен телефон во автомобил

30

driver-mobileФото: Pexels

Француските власти одлучија дека ќе бидат казнети оние возачи кои ќе се паркираат за да ги користат телефоните. Од сега, возачите ќе мора да застануваат на места посебно предвидени за таа намена, да го изгаснат моторот и потоа да го употребат мобилниот телефон.

Сите оние кои нема да го почитуваат новиот закон ќе треба да платат 135 евра и ќе бидат казнети со по три казнени поени во времетраење од три години, објави The Verge.

Оваа одлука доаѓа откако еден возач си заработи казна за користење мобилен телефон на паркинг. Сепак, таа нема да важи за повиците кон брзата помош, полицијата и пожарната служба. Нема да се однесува ниту за hands-free уредите.

Статистиката покажува дека 10% од сообраќајните несреќи во Франција лани биле предизвикани поради користење на мобилен телефон.