Француска автомобилска индустрија: Забраната на моторите со внатрешно согорување ќе нè уништи

65

Француската автомобилска индустрија, една од најмоќните во светот, едногласно го осуди гласањето на Европскиот парламент за забрана на производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Според француските производители, ова е „уништување на индустријата“ и „чекор во непознато“.

Германските производители на автомобили исто така изразија незадоволство и останува да се види дали двете земји, дом на најголемите европски автомобилски индустрии, сепак ќе ја прифатат забраната усвоена од Европскиот парламент минатата недела, објави францускиот EurActiv.

Француската европратеничка Карима Делхи изјави за медиумите дека „автомобилската индустрија напорно лобира да ја избрише 2035 година од текстот на ЕП. Европската народна партија – најголемата политичка група во парламентот – исто така се обидува да го ублажи текстот.

На ваквата „избрзана“ одлука предупреди и Лук Шател, претседател на Францускиот синдикат за автомобили (PFA): „Мислам дека нема да имаме клиенти за електрични автомобили, запомнете дека тие се двојно поскапи од оние со мотори со внатрешно согорување“, коментира тој.

Според него, на Франција ќе и требаат „вкупно 1 милион станици за полнење до 2030 година. За споредба, моментално има само 60.000. Наспроти ова, инфлаторните притисоци го погодуваат автомобилскиот бизнис сè посилно и ги зголемуваат трошоците за производство на електрични автомобили со дополнителни 26 проценти.

Според претставниците на автомобилската индустрија, забраната за мотори со внатрешно согорување ќе бара отворање илјадници нови работни места. Во оваа насока на размислување, на Франција и на цела Европа ќе и треба јасна финансиска поддршка од државата за да се развие соодветната инфраструктура и да се прошири производството на електрични батерии, велат експертите.

Во моментов Кина е светски лидер во производството на електрични автомобили и во исто време ќе продолжи да произведува поевтини автомобили со мотори со внатрешно согорување, додека европските производители го напуштаат секторот, велат од француската автомобилска индустрија.