Француска компанија 25 години ќе стопанисува со аеродромот во Белград

22

dsc_7056r-580x340

Фото: Beg

Белградскиот аеродром Никола Тесла во наредните 25 години ќе има нов сопственик. Француската корпорација Vansi и претставниците на српската влада потпишаа договор за соработка, објави Srbija Danas.

Французите најавиле дека ќе инвестираат околу 730 милиони евра во модернизација на аеродромот. Тие дале најдобра понуда за концесијата којашто предвидува изградба и реконструкција, одржување и управување со инфраструктурата на аеродромот, како и обвавување на операторство.

Проценето е дека државниот буџет од овој договор еднократно ќе заработи 501 милион евра, а дополнително секоја година од 6 до 16 милиони евра Французите ќе и плаќаат на државата по основ на такса.

Од Vansi се обврзале дека нема да отпуштат ниту еден од сегашните вработени, ниту пак дека ќе ја зголемат аеродромската такса.

Аеродромот Никола Тесла ќе биде централа на француската компанија во југоисточна Европа, од каде ќе се реализира меѓународниот сообраќај, со акцент на интерконтиненталните летови.

Vansi е еден од најголемите аеродромски оператери во Европа. Годишно опслужува 132 милиони патници на 200 аеродроми.