Француската економија е многу близу до нивото пред пандемијата

44

Француската економија беше само еден до 1,5% под нивото пред пандемијата во јули, објави централната банка.

Активноста во секторите за производство и услуги беше стабилна во јули, според Banque de France, која собра податоци за истражувањето од 22-ри јули до 4-ти август

Бизнис лидерите во индустријата укажуваат на континуиран пораст на цените на суровините, иако нешто поблаг отколку во јуни, а услужниот сектор нагласува значително подобрување во угостителската индустрија благодарение на олеснувањето на тогашните анти-пандемиски мерки.

И услужниот сектор и индустријата очекуваат стабилно ниво на активност и во август, со исклучок на угостителите кои предвидуваат пад со оглед на новите мерки за контрола на пандемијата, како што е здравствената дозвола, воведени оваа недела.

Баровите и рестораните прифаќаат гости само со здравствени уверенија, потсетува Ројтерс.

Владата постави стапка на раст од 6% за оваа година.

Фото: Pixabay