Француската државна железница СНЦФ соопшти дека во текот на 2012 година планира да вработи нови 10.000 лица. По триесет години постојано намалување на бројот на работните места на СНЦФ, компанијата годинава првпат ќе вработи повеќе персонал, отколку што ќе заминат во пензија.
Меѓу новите вработувања предвидени се и околу 500 работни места за младите во рамките на новиот владин план наречен „вработувања за иднината“. Потребата за вработување на нов персонал во СНЦФ се должи и на зголемениот интерес на Французите за железничкиот транспорт, првенствено поради високите цени на бензините, но и поради добрата територијална покриеност со брзите возови.