Француски гигант го продава бизнисот во Русија – имот вреден 200 милиони евра

41

Францускиот гигант за спортска опрема Decathlon моментално бара купувачи за своите руски средства, објави денеска деловниот дневен весник RBK, повикувајќи се на неименувани извори поврзани со големите трговски ланци и консултантски компании во земјата.

Декатлон, кој е во сопственост на францускиот малопродажен гигант Association Familiale Mulliez, ги суспендираше испораките на рускиот пазар на крајот на март, откако ЕУ воведе санкции кон Москва поради војната во Украина.

На крајот на јуни беа затворени сите продажни места низ државата, вклучително и онлајн продавницата.

Матичната компанија на Decathlon се истакна како редок пример на голема западна компанија која одлучи да продолжи со своите операции во Русија откако Москва ја започна својата воена операција во Украина.

Сепак, нивниот синџир супермаркети Auchan, за кој се вели дека има 41.000 вработени и 311 продавници во Русија, сè уште работи и покрај санкциите и критиките кои доаѓаат од Запад, пишува RT.

Се вели дека компанијата сака да го продаде целиот свој руски бизнис, а извори за медиумите велат дека францускиот трговец на мало е подготвен да го продаде својот комерцијален имот, којшто вклучува 20 згради, пренесеува Телеграф.рс.

Компанијата поседува и канцеларии и магацини.

Бизнисот на Decathlon во Русија би можел да вреди до 15 милијарди рубљи или 200 милиони евра, пишува RBK.