Француски градови делат бонови за храна

35

Неколку француски градови почнаа да делат ваучери за храна како компензација на жителите за зголемените цени на храната. Според телевизијата Франс 2, на граѓаните им се даваат ваучери во вредност од пет, 20 и 30 евра. До денес, градските администрации потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението.

Владата во Париз сè уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да ја чекаат официјалната одлука на владата, јави Танјуг.

Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и беше дискутирана долго пред претседателските избори. Приближно осум милиони француски граѓани ќе имаат право на ваков вид поддршка.

Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Експертите предупредуваат дека растот на цените и слабиот економски раст може да доведат до стагфлација во земјата.