Француската прехранбена групација Данон соопшти дека ќе продолжи со производство на основни млечни производи и храна за бебиња во Русија, но дека ги прекинала другите врски со таа земја поради војната во Украина.
Компанијата во соопштението наведе дека го прекинала увозот и извозот во Русија, како и сите инвестиции, вклучително и рекламирање и промоции на потрошувачите, и дека нема да повлекува готовина, дивиденди или профит од работењето таму, пренесува Ројтерс.
И швајцарскиот ривал Нестле објави дека ќе ја прекине продажбата на некои производи во Русија.











