Француски шампањ во биоразградливо пакување

90

Францускиот производител на шампањ Veuve Clicquot измисли нови иновативни пакувања за шампањ направени од компири и рециклирана хартија што можат да ја задржат свежината на шишето два часа.

Naturally-Clicquot-600x378

Дизајнирани од францускиот дизајнер Седрик Раго, паковката за шишето, наречено Naturally Clicquot, е направена од скроб од компир и рециклирана хартија, што придонесува и самото пакување да може да се рециклира.

Пакувањето може да зачува шише шампањ од брендот Brut Carte Jaune ладно два часа, откако претходно било чувано во фрижидер. Паковката доаѓа со рачка која овозможува лесен транспорт.

Во 2011 беглискиот дизајнер Матијас Ван Де Вале креираше кофа за чување шампањ во стилот на оригами која можеше да се искористи до четири пати.

Пакувањето за шампањ Naturally Clicquot ќе почне да се продава низ светот од октомври заедно со шише шампањ од брендот Brut Carte Jaune по цена од 43 евра.