Францускиот козметички гигант се враќа во Русија?

34

L’Oréal е подготвен да продолжи да продава некои од своите најпопуларни брендови. Ова го соопшти Министерството за трговија на Русија, пренесува Раша тудеј (РТ).

Козметичките и парфемските брендови Ланком, Редкен, Ив Сен Лоран, Џорџо Армани и Керастасе ќе се вратат на рускиот пазар и затоа ќе бидат исклучени од листата на таканаречениот паралелен увоз, објави во понеделник руското Министерство за трговија.

„Ова стана возможно поради подготвеноста на овие компании да продолжат со испораките на нивните производи во Русија“, рече портпаролот на министерството.

Голем број меѓународни козметички брендови, ги прекинаа своите активности во Русија по почетокот на конфликтот со Украина кон крајот на февруари.

Во март, Москва го легализираше таканаречениот паралелен увоз, кој овозможува испорака на производи без дозвола на сопствениците на трговски марки, за да се задоволи побарувачката за странска стока на рускиот пазар.

Француската козметичка компанија LʼOreal, која ги поседува брендовите Lancôme, Redken и Kerastase, како и линиите за козметика и парфеми на Ив Сен Лоран и Џорџо Армани, сè уште нема коментар.