Францускиот ланец Carrefour влегува на српскиот пазар

89

Францускиот ланец Carrefour влегува на српскиот пазар. Преку својата филијала во Грција, Carrefour планира голема експанзија на Балканот. На почетокот на годината беа отворени првите супермаркети во Бугарија, а наскоро се очекува бизнисот да се прошири и на српскиот пазар.

Како што дознава порталот Retail Serbia, Retail and More од Грција, ексклузивниот партнер на Carrefour, основал своја филијала во Србија.

По потпишувањето на договорот со француската групација, грчката компанија бараше партнер во Србија, но бидејќи тоа не се случи, почнаа преговорите за купување на познатиот синџир.

Преговорите се во завршна фаза и францускиот синџир речиси сигурно би можел да се појави во Србија во текот на следната година. Неофицијално, групата во моментов преговара за можна аквизиција и во Бугарија.

Според претходен договор, Retail and More, во соработка со партнер, планираат да ги ребрендираат Parkmart и ALDO во продавниците на Carrefour во Бугарија, додека на домашниот пазар се очекува дополнително проширување и можни превземања. Да потсетиме, Retail and More A.E. е дел од грчката АВЕ групација.

Групацијата ги поседува сите права на француската компанија Карфур за пазарите во Грција, Кипар, Србија, Бугарија, Македонија, Албанија и Црна Гора.