Французите ќе купуваат квалитетно вино и во лименки

54

Winestar-cansПо пивото, водата и соковите, во лименки ќе се продава и вино. На ваква идеја дојде француската компанија Winestar, која на пазарот во Франција исфрли три видови вино.

“Сакаме да станеме “неспресо” на вината (Nespresso of wine) и да ја демократизираме продажбата на квалитетни вина”, изјави основачот на компанијата Седрик Сегал за Фигаро и додаде дека досега на пазарот немало понуда на квалитетно вино во мал формат. Сегал се надева дека квалитетот ќе ги убеди домашните потрошувачи, особено помладите, да не конзумираат толку пиво и жесток алкохол, поради кои е намалена потрошувачката на вино во Франција.

Меѓутоа, за многумина е скандалозно симболот на Франција да се пакува во лименка, на ист начин како пиво и газирани сокови. Маркетинг специјалистот за вина Галате Февер вели дека не е убедена дека Французите ќе се откажат од шишињата и тапите.

“Француското вино ќе продолжи да доминира во стаклени шишиња, она квалитетното вино, и вино во картон за рефус продажба. Лименките може да функционираат во некои случаи, како на пример одење на пикник или патување, но лименките ќе му дадат метален вкус на виното”, изјави таа за Радио Европа 1.

Вино во лименка веќе се продава во некои земји, како Јапонија и Германија, но со послаб квалитет.