Франкот најсилен во однос на еврото од почетокот на 2015 година

142

Швајцарскиот франк оваа недела го достигна највисокото ниво од јануари 2015 година во однос на еврото.
До четврток швајцарската централна банка беше последна во Европа која имаше негативна каматна стапка, но тоа се промени. Веќе на 16 јуни, швајцарските монетарни власти (за прв пат по 15 години) почнаа да ја заоструваат монетарната политика, откако основната каматна стапка беше фиксирана на минус 0,75 отсто од 2015 година.

Инфлацијата во Швајцарија не е толку висока како на друго место во светот, но со 3,5 проценти (годишно), и понатаму е највисока во последните 30 години.