Франција воведува казни за модните компании кои пречесто лансираат нови брендови за облека

Модните компании во Франција кои пречесто лансираат нови брендови за облека може да бидат казнети како компензација за нивното лошо влијание врз животната средина, соопштија пратениците од владејачкото мнозинство во Франција во новиот предлог-закон.

Пратениците истакнуваат дека модните компании со брз промет, наместо да ги обновуваат своите колекции четири пати годишно, како традиционалните брендови за облека, нудат илјадници нови производи дневно и на тој начин поттикнуваат прекумерна потрошувачка и непотребно загадување, објави Ројтерс.

Со цел да се неутрализира влијанието на ултра брзата мода врз животната средина, пратениците предлагаат казни до 10 евра по продаден предмет или до 50 отсто од продажната цена до 2030 година.

По расправата во собраниската комисија, предлог-законот ќе се најде во парламентот во втората половина на март.