Француски гигант купи германска компанија – Тројцата основачи ќе добијат 90 милиони евра

46

Францускиот производител на енергија Тотал енерџи (TotalEnergies) објави дека постигнал договор за преземање на германската Kyon Energy, специјализирана за дизајн на батериски системи.

Француската компанија на тројцата основачи на Kyon Energy ќе им плати 90 милиони евра, а ќе исплати и дел од идната добивка во зависност од остварувањето на развојните цели.

Kyon Energy дизајнира батериски системи за складирање енергија, а неговото портфолио вклучува проекти во напредна фаза на развој со вкупен капацитет од два гигавати.

„Стекнувањето ќе ни овозможи да го забрзаме развојот на нашите активности за интегрирана енергија во Германија и во производството и во трговијата, складирањето и продажбата на електрична енергија со низок јаглерод, достапна 24 часа на ден“, рече претставникот на Тотал енерџи, Стефан Мишел.

Фото: Facebook