Французите најдоа начин да го спречат продорот на кинеските автомобили

172

Франција е една од првите земји во Европа која ги смета кинеските електрични автомобили како закана за европската индустрија, а особено за француските производители.
Сега Владата презеде акција и одобри ново правило за субвенционирање за набавка на електрични автомобили, кои досега беа отворени за сите марки, но отсега ќе бидат воведени рестрикции.

Нема веќе субвенции за кинеските електрични автомобили, односно возилата произведени надвор од Европа, а пронајден е интересен начин целата приказна да се прикрие во еколошка наметка, односно да не делува како протекционизам.

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи својата помош да ја заснова на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до застапништвото, а не само на емисиите на CO₂ кога автомобилот се вози. Ова ново правило ќе стапи на сила во јануари 2024 година, известува ХАК Ревија.

Досега се доделуваше субвенција за купување од 5.000 евра (до 7.000 евра за домаќинства со ниски приходи) без оглед на отпечатокот на CO2 на возилото во текот на неговиот животен циклус, но неговите еколошки перформанси сега ќе бидат тестирани.

Во пракса, на секој модел што се продава во Франција ќе му се додели еколошка оцена, што ќе го направи подобен за бонусот или не. Овој резултат ќе се пресметува врз основа на влијанието врз животната средина на секоја фаза пред нејзината употреба на патот.

Ќе се земат предвид материјалите што се користат во производството (челик, црни метали, алуминиум, итн.), како и влијанието на склопувањето врз животната средина (потрошувачка на енергија и мешавина на енергија, на пример) и батериите (тежина, транспорт, потрошувачка на енергија). Ќе се испита и логистиката, односно од каде доаѓаат батериите и самиот автомобил.

Затоа, автомобил произведен во Кина или Тексас нема да биде подобен за поддршка за купување, бидејќи емисиите би вклучиле и транспорт. Оваа мерка ќе вклучи и некои од возилата на Tesla, како што се Model S или X, кои не се произведуваат во Европа.

Да потсетиме, Франција нема проблем со овој потег и гневот на Кина бидејќи француските производители на автомобили речиси и да ги нема на кинескиот пазар… Без субвенции, кинеските автомобили нема да бидат конкурентни, а нема да бидат ни наTesla.

Фото: Pixabay