Фрази што не смеете да ги употребувате во продажбата

113

ecommerce-2140604_960_720

Фото: Pixabay

Секој вработен кој е вклучен во продажба сака да ја оствари својата цел, односно да постигне добра зделка. Производот или услугата треба да се продаде, но не по секоја цена. Клучно е она што го кажувате, како го кажувате и колку пати го повторувате. Еве неколку фрази што треба да се избегнуваат.

Договор

Овој збор не е најпаметно да го користите кога ќе посакате. Истражувањата покажуваат дека клиентите не сакаат да го слушнат, особено не кога се повторува.

(Ќе) ми треба вашиот потпис

Најдете поинаков начин да го натерате клиентот да се потпише. Оваа фраза наликува на заповед и не е она што сака купувачот да го чуе.

Купува/Троши

Многу подобро ќе биде да кажете инвестиција. Тој збор асоцира на исплатливост, а не на залудно потрошени пари.

Секогаш/Никогаш

Секогаш и никогаш се многу силни зборови. Обидете се да ги елиминирате од вашиот речник. Настојувате сè да биде некаде “на средина”.

Ќе ви треба малку време да размислите

Употребувајќи ја оваа фраза само им кажувате на клиентите да ве побараат кога сакаат, што во најголем број случаи не се реализира.

Ќе ви покажам како

Потенцијалните купувачи сакаат да слушнат зошто им е потребно тоа што го нудите. Деталите како функционира производот или услугата не им се важни.

Ние нудиме

Знаат дека нешто нудите и нема потреба тоа да го нагласувате.

Конкуренција

Што и да правите трудете се да не зборувате лошо за конкуренцијата, така ќе изгледате арогантно.

Апсолутно/Совршено

Не постои ништо совршено, тоа секој го знае, додека апсолутно е исто така силен збор и може да се смета за начин да се прикрие некаква мана.