Фрази што вашиот шеф не сака да ги слушне

47

biznismen

Фото: Pexels

Сакате да имате отворен, искрен однос со вашиот шеф, но тоа не значи дека можете да му кажете сè што ќе ви падне на памет на работното место. Постојат реченици кои шефовите не сакаат да ги слушнат од своите вработени, пишува Business Insider.

 Да ја одложиме таа одлука

“Како извршен директор на старт – ап, навременото донесување на одлуки е од клучно значење, а јас не сакам да се одложи за утре она што може да се заврши денес“, вели Фрида Поли, извршен директор на Pymetrics.

Добро

Основачот на сајтот за кариера Create & Cultivate, Жаклин Џонсон, вели дека е важно да се биде јасен, особено кога комуницирате со вашиот шеф лично или преку текстуални пораки. Кратките и отсечни одговори може да бидат двосмислени.

Тоа не е моја вина

“Ако нешто лошо се случува на работното место, тоа не е вина само на една личност. Преземете одговорност за изнаоѓање на решение, наместо да го барате виновникот“, вели Енди Бејли, извршен директор на Petra Coach. На добрите шефови приоритетот не им е да го пронајдат виновникот, бидејќи тоа е губење време.

“Сакам да знам како се случи тоа за да знаеме како да се избегне проблемот во иднина и каков е планот за да се поправи ситуацијата“, вели Џо Стејплс, директор на Workfront.

Имам проблем

“Не сакам да ја слушам фразата ‘Имам проблем’, кога не е понудено решение. Сакам членови на тимот и лидери кои нудат решение за настанатиот проблем“, вели Брајан Милс, извршен директор на сајтот Belay.

Ако моето мислење е важно

“Кога некој ја претставува својата идеја или предлог со оваа фраза, тој звучи несамоуверено. Наместо тоа, покажете самодоверба кога ги ставате идеите на маса“, вели Шенон Мајлс, ко – извршен директор на сајтот Belay.

Немам време

Дури и да е вистина, никогаш на вашиот шеф не му кажувајте дека немате време да ја преземете новата задача. Дејвид Дугариан, извршен директор на софтверската компанија TempWorks Software, вели дека вработениот мора да најде време за да изврши клучна задача.