ЗК „Пелагонија“ АД Битола отстранет од Листата за набљудување на Берзата

Македонската берза соопшти дека на 29 октомври 2026 година го избриша акционерското друштво ЗК „Пелагонија“ АД Битола од Листата за набљудување. Оваа одлука е донесена откако официјално е запрена претходната постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над компанијата.

Издавачот ЗК Пелагонија АД Битола беше внесен на Листата на набљудување на 19.10.2026 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради поведена претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над друштвото, а до завршување на постапката.