
Акционерите на италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ (MПС) го отфрлија планот на извршниот директор Луиџи Ловаљи за преземање на сите обични акции на „Банка БПМ“ и „Банка Генерали“, како и предлогот за спојување со „Медиобанка“, поткопувајќи го обидот на менаџментот да ја зачува независноста и да создаде нова голема банка во Италија.
Планот на Ловало требаше да овозможи создавање на поголема италијанска банкарска група, собрана околу „Монте деи Паски ди Сиена“, со побогата понуда на финансиски услуги за граѓаните и компаниите, објавува „Соле 24 Оре“.
Во исто време, предложените аквизиции требаше да ѝ го отежнат преземањето на „Монте деи Паски ди Сиена“ од страна на „Интеза Санпаоло“.











