Фризер бесплатно потстрижува бездомници низ Лондон

19

Фризер од Лондон бесплатно потстрижува бездомници, ги фотографира и ги поставува на социјалните мрежи со цел да го подигне нивото на свест, пишува Unilad.uk.

Станува збор за Џошуа Кумбс, кој бесплатно ги потстрижува бездомниците на улиците низ Лондон. Штом заврши со средување, тој го прашува клиентот дали може да постави фотографија од него пред и по потстрижувањето. Кумбс ги споделува фотографиите со хаштагот #DoSomethingForNothing.