Фрижидер со храна за бездомници поставен пред ресторан во Индија

94

frizider so hrana

Многу ресторани поставуваат големи фрижидери во нивните кујни, но 28-годишната Мину Паулин од Индија постави 420-литарски фрижидер на улицата пред нејзиниот ресторан, пишува The Hindu.

Паулин порано била вработена во банка, а сега се посветила на угостителството со една голема цел – да нахрани што е можно повеќе луѓе, а не само нејзините клиенти. Името на фрижидерот е Nanma Maram или дрво на добрината, а во него сите бездомни и гладни луѓе можат да пронајдат храна.

Главната цел на Nanma Maram е да се намали количината храна, што сè уште може да се користи, а од друга страна да се спречи луѓето да гладуваат. Секојдневно во овој фрижидер таа става 50 пакетчиња со храна, коишто на луѓето им се достапни 24 часа во текот на денот, седум дена во неделата.

frizider so hrana indija

Во овој фрижидер храна можат да остават и случајните минувачи или гостите во нејзиниот ресторан Pappadavada.

Идејата на оваа млада Индијка “живее“ и во Европа, поточно во шпанскиот град Галдакао, каде локалните жители поставија фрижидер на солидарноста.