Fugu – куфер што се полни на воздух и собира многу повеќе багаж

110

fugu-luggage

Луѓето кои поради професионални или приватни обврски постојано патуваат најчесто се соочуваат со ист проблем – дали може во еден куфер да им го собере целиот багаж, а и куферот да биде функционален и едноставен за користење.

Иновативниот куфер Fugu е решение за овие проблеми, бидејќи може многу лесно да се прилагоди на големината на багажот. Името го добива по јапонската риба Fugu, која по потреба може да се напумпа и да се наполни со воздух, што како опција го има и овој куфер.

f5564caf46226a4e039e00750e5b3a65_large

“Идејата ја добив откако купив повеќе работи кога се вратив од пат. Во мојот куфер немав доволно место за да ставам се што купив“, вели индустрискиот дизајнер Исак Атлас. Тој се сетил и на ликот на дадилката Мери Попинс, која од својата волшебна чанта вадела најразлични предмети.

Неговата идеја прераснала во прототип, а наскоро се очекува и масовно производство. За да може да почне со производство, израелскиот старт – ап побара финансиска поддршка од глобалната платформа Kickstarter, каде што наместо планирани 50.000 долари, собрани се над 294.000 долари.

fugu

Kуферот може да го трансформира својот габарит од 40 на 120 литри за само 20 секунди.

Страничните делови се изработени од пластичен материјал што се користи за изработка на чамци на воздух, а тркалцата се флексибилни и се вртат за 360 степени. Кога е напумпан со воздух, куферот може да послужи како масичка за лап топ, а во неговата внатрешност се сместени три полици, што му даваат дополнителна функционалност.

fugu 123