Funderbeam – еднодневен, отворен настан во организација на CEED Македонија и Македонска берза

40

CEED Mакедонија во соработка со Македонска берза, организира отворен настан на тема Funderbeam – crowdfunding платформа за небанкарско финансирање на компании.

Настанот ќе се одржи на 17.05.2019, од 13:00 до 15:00, во просториите на CEED Hub Скопје.

Македонска берза во наредниот период ќе се обиде да го олесни процесот на финансирање на мали и средни претпријатија (вклучително и стартапи).

Во таа насока берзата започнува со презентирање, промовирање на crowdfunding финансирање преку иновативната технологија и глобалниот деловен модел на компанијата Funderbeam од Естонија.

Преку оваа crowdfunding платформа македонските компании ќе добијат можност за алтернативен извор за небанкарско финансирање на своите развојни планови на светско ниво.

Заинтересираните домашни инвеститори ќе можат да вложуваат во домашни проекти со добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од бизнис секторот.

Гости говорници настанот ќе бидат Иван Штериев, директор на Македонска берза и Каролина Каровска Божиноска, раководител на оддел промоција, едукација и развој.

Вашето присуство ќе може да го пријавите тука,а за повеќе информации на следниов е-мејл bramljak@ceed-macedonia.org