Согласно со одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори. Тоа значи дека одборот ќе биде составен од седум неизвршни и еден извршен член.
Отсега извршниот член на Одборот на директори ќе биде главен извршен директор на Македонската берза и ќе ги извршува сите овластувања кои досега ги вршеше вториот извршен директор.
Оваа одлука на Статутот на Македонската берза беше одобрена на вчерашната седница на Комисијата за хартии од вредност.
На седницата, Комисијата за хартии од вредност даде согласност и за Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност. Измените се воведуваат на барање на членките на Депозитарот.