Футрола за мобилен телефон се претвора во дрон

50

dron

Фото: Youtube

Компанијата AEE Aviation Technology произведе футрола за паметен телефон што се претвора во дрон. Предноста на футролата, наречена Selfly, е што не ја користи камерата на паметниот телефон, туку има своја камера што може да снима и видео содржини.

Кога ќе се расклопи станува дрон што се управува преку Wi – Fi, а е компатибилен со уредите што користат Android и iOS оперативни системи. Батеријата на Selfly трае четири минути, а за полнење е потребен половина час. Футролата е компатибилна со паметни телефони со величина од четири до шест инча, пишува Cision.

Компанијата ќе започне со испорака на Selfly во првиот квартал од 2018 година, а ќе чини 130 долари. Покрај летачката футрола, корисниците ќе добијат и две батерии што ќе им овозможи фотографирање од воздух со времетраење од осум минути.