Футуристичка библиотека во Кина од 33.800 метри квадратни

40

1

Холандското архитектонско студио MVRDV ја заврши спектакуларната футуристичка јавна библиотека Тијанџин Бинхаи во Кина. Изградбата на библиотеката траеше три години, а се протега на површина од 33.800 метри квадратни и има полици со книги од подот до таванот каскадно поставени, пишува Inhabitat.

2

“Внатрешноста на библиотеката е речиси како пештера, континуирана полица за книги. Ја отворивме зградата со создавање на убав јавен простор, а во центарот се  наоѓа дневна соба. Полиците се одлично место каде може да се седне и истовремено овозможуваат пристап до горните катови“, вели Вини Мас коосновач на MVRDV.

3

Првите два ката на библиотеката содржат простории за читање и книги, а на горните катови се наоѓаат сали за состаноци и канцеларии.

Фото: MVRDV