Дизајнерското студио Kram/Weisshaar создаде паметна маса – Smartslab table – која што вклучува керамички панели со интегрирани елементи за ладење и топлење со коишто може лесно да се управува со помош на сензори.
Smartslab е создадена со помош на врвна технологија и вклучува шест милиметарска керамичка плоча наречена SapienStone. Под неа се наоѓаат прстени што се загреваат со индукција за готвење на самата маса, како и кружни сензори за затоплување што ја греат храната до 42,5 степени.
Масата исто така има елементи за ладење наменети за да ја одржат температурата на пијалоците доволно ниска. Според дизајнерите од Kram/Weisshaar, таа е сосема безбедна за користење и може слободно да ја ставите вашата рака и на местото што се загрева без да се изгорите.