Со својот необичен дизајн и локацијата во камената пустина Мохаве, во југозападниот дел на САД оваа вила е нешто сосема оригинално и поинакво. На прв поглед изгледа како скривалиште што совршено се вклопува во сувата и карпеста пустина.
Вилата потсетува на кафез, а зафаќа површина од десет хектари. Изградена е од армиран бетон, стакло и бакар и во 1993 година е официјално комплетирана. Сепак, нејзиниот дизајнер Џон Вугрин потроши уште неколку години за да ги заврши последните детали.
Градбата има дури 26 столбови и е неверојатно цврста, што се докажа и со “преживување” на силен земјотрес во 1992 година.
Сопственици на вилата се парот уметници Бев и Џеј Дулитл коишто се вселија во 2000 година, а истата од неодамна е ставена на продажба по цена од 3 милиони долари.