FYB London – паметна, функционална и луксузна женска чанта

25

1

Фото: Kickstarter

Даниел Ричисон од Велика Британија дизајнираше паметна, практична и луксузна женска чанта што го носи името FYB London.

Мултифункционалната и елегантна чанта се отвора со помош на отпечаток од прстот, со што е целосно заштитена од евентуална кражба. FYB на својата корисничка ѝ овозможува да го наполни и својот мобилен уред, поставувајќи го во посебна преграда. Чантата има вграден сензор што дава информации за тоа каде се наоѓа чантата.

Ричисон ја постави оваа чанта на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде што побара финансиска поддршка од 30.000 долари. На четири дена пред крајот на кампањата, FYB успеа да собере над 110.000 долари.