Г20 на онлајн самит годинава

16

Саудиска Арабија оваа година претседава со Г20 групата, чиј самит во ноември ќе се одржи онлајн поради пандемијата.

Според светските медиуми, првично било планирано самитот на светските лидери да се одржи во Ријад, но ќе се одржи преку видео линк на 21-ви и 22-ри ноември.

Со самитот ќе претседава саудискиот крал, а фокусот ќе биде стане на заштита на здравјето на луѓето и обнова на економијата по пандемијата.

Земјите што се дел од Г20, инаку најбогати и најмоќни земји во светот, вложија повеќе од 21 милијарда долари во развој на вакцина против коронавирусот и 11 милијарди долари за заштита на глобалната економија.

Земји што се дел од оваа група се: Австралија, Канада, Саудиска Арабија, САД, Индија, Русија, Јужна Африка, Турција, Аргентина, Бразил, Мексико, Франција, Германија, Италија, Велика Британија, Кина, Индонезија, Јапонија и Јужна Кореја.

Фото: Pexels