Г20 со поддршка на договорот за минимален корпоративен данок

57

Групата 20 најразвиени економии постигна голем напредок во даночната реформа и сите земји се согласни да го запрат пренасочувањето на добивките на корпорациите кон даночните оази, рекол германскиот министер за финансии, Олаф Шулц, а неговата американска колешка рекла дека глобалниот корпоративен данок е добар за сите.

“Денес гледаме сè повеќе земји, кои што се тука собрание, ќе го поддржат меѓународниот процес за пронаоѓање начин за минимално оданочување“, рекол Шулц на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Венеција.

Запрашан за плановите за дигитално оданочување во ЕУ, Шол рекол дека е потребно глобално решение.

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен рекла дека договорот за глобален корпоративен данок е добар за сите влади и ќе помогне во зголемување на даночните приходи, така што ќе ѝ стави крај на трката меѓу земјите кои ги намалуваат корпоративните даночни стапки.

Фото: Pexels