G7 ќе ја одложи ревизијата на цената на рускaтa нафта

95

Групата седум (Г7), која ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, најверојатно нема да го ревидира плафонот на цената на руската нафта оваа недела, изјавија двајца претставници на Европската унија.

Г-7 требаше да го промени плафонот на цените, кој е во сила од декември, во средината на март, но официјалните лица истакнаа дека Европската комисија им кажала на амбасадорите на ЕУ во текот на викендот дека членовите на групата од седум нации не се за итен преглед, објави Ројтерс.

Ограничувањето на извозот на руска сурова нафта е поставено на 60 долари за барел, ниво дизајнирано да биде под пазарната цена и поради тоа да го ограничи приходот што Москва може да го добие од продажбата на нафта, додека одржува прилив за да избегне шок во снабдувањето.

Мерката на Г7 им забранува на компаниите да обезбедуваат услуги за транспорт, осигурување и финансирање на руската сурова нафта и нафтени деривати, доколку тие се продаваат по цена над плафонот.