
Министрите за финансии на Г7 денес соопштија дека ќе иницираат координирани акции за да го интензивираат притисокот врз Русија.
Насочени ќе бидат субјектите кои континуирано ги зголемуваат набавките на руска нафта, како и оние кои помагаат во избегнувањето на примената на санкциите воведени кон Русија.
Министрите за финансии на Г7, исто така, истакнаа дека се согласни за значењето на трговските мерки, кои ги вклучуваат давачките и забраните за увоз и извоз, во напорите за редуцирање на руските приходи поради инвазијата на Украина.