Г7 планира да ги ограничи цените на руската нафта од декември

64

Механизмот за ограничување на цената на руската нафта, кој треба да ги ограничи приходите на Русија од извозот на овој енергетски производ, би можел да биде воспоставен на почетокот на декември.

Во  извештај на Ројтерс, кој се повикува на зборовите на висок функционер на земја членка на Г7, се наведува дека 5 декември е одреден како датум кога ќе стапат на сила новите санкции на Европската унија со кои се забранува увоз на руска нафта по морски пат.

Заедно со новите санкции на ЕУ, организацијата Г7, која ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, сака да постави плафон на цената на руската нафта во декември со цел да ги намали приходите на Москва и ја принуди да ја прекине воената операција во Украина.