Г7 ветува 4,5 милијарди долари за борба против гладта во светот

35

Лидерите на Групата седум индустриски земји (Г7) ветија 4,5 милијарди долари за борба против глобалниот глад.

Тие, исто така, се согласија да ги засилат напорите за да им помогнат на украинските земјоделци да продолжат да работат и да го решат недостатокот на ѓубрива, пренесува Ројтерс.

Во завршната изјава на Г7, договорена на крајот на тридневниот самит во Баварските Алпи, исто така, се повикаа земјите кои имаат залихи, храната да ја направат достапна и за другите.