Српската фармацевтска компанија Галеника доби право своите производи да ги извезува на пазарите на сите земји членки на Европската унија, затоа што ги исполнува ригорозните стандарди и услови што ги поставува регулативата на ЕУ, соопшти компанијата, пренесуваат српските медиуми.
Добиениот сертификат ќе придонесе за стабилизација во работењето на компанијата, а дозволата воедно ќе го намали извозниот дефицит на државата во областа на фармацевтски производи.
Инаку за оваа фармацевтска компанија која е во државна сопственост е распишан меѓународен тендер за продажба. Најсериозниот понудувач, Valeant Канада пред неколку дена ја повлече понудата.
Галеника има околу 250 сопствени или лиценцирани производи со кои ги покрива сите фармацевски групи на пазарот за лекови и суплементи.