Владата на Србија одлучи на почетокот на 2013 година да објави меѓународен тендер за продажба на фармацевската компанија Галеника, изјавија денес од Министерството за финансии и економија.
Имено, српската влада на министерството му дала налог за распишување на меќународен тендер откако проценила дека моменталната финансиска состојба на фармацевската компанија е неодржлива.
Целта на овој меѓународен тендер е да се најде сериозен стратешки партнер и да се осигура иднината на Галеника која е моментално во државна сопственост.
Фармацевската компанија од Земун брои 2.700 вработени и околу 250 сопствени или лиценцирани производи со кои ги покрива сите фармацевски групи на пазарот за лекови и суплементи.