Гана ја одложува испораката на какао, трговците бележат загуби од најмалку една милијарда долари

74

Трговците би можеле да загубат најмалку една милијарда долари оваа година бидејќи Гана, вториот по големина светски производител на какао, доцни со испораката на суровината и сака да ја одложи до 2025 година.

Недостатокот на снабдување од 350.000 тони во 2024 година значи дека трговците и преработувачите на какао би можеле да се соочат со загуби од 4.000 долари за тон на фјучерси што ги купуваат за да ги заштитат залихите на нивната стока, се вели во извештајот.

Вкупните загуби би можеле да изнесуваат 1,4 милијарди долари, пренесува Ројтерс.