GAP ги затвора сите продавници во Велика Британија и Ирска

52

Aмериканската компанија за облека, GAP најави дека ќе ги затвори сите 81 продавница во Велика Британија и Ирска до крајот на септември и ќе оди целосно на Интернет, бидејќи брендот се прилагодува на промените во навиките за купување по пандемијата.

Компанијата, која е сопственик на брендовите Old Navy и Banana Republic, соопшти дека затворањето на трговските објекти ќе влијае на продавниците на компанијата. Исто така додадоа дека се планира и продажба на нејзините продажни места во Франција и Италија.

“Измените следат по стратешкиот преглед на европскиот бизнис на компанијата, кој започна минатата година со цел да се најдат нови, поекономични начини да им служат на клиентите“, соопштија од компанијата.

GAP ја отвори својата прва продавница во Лондон во 1987 година, правејќи го своето прво проширување надвор од САД, а во Ирска работи од 2006 година.

Фото: Pixabay