GAP отвора три продавници во Љубљана оваа есен

40

Image: Gap

Популарниот американски синџир на продавници за облека GAP оваа есен ги отвора првите три продавници во Словенија, јавува словенечки Дневник.

Компанијата GAP соопшти дека продавниците ќе бидат отворени оваа есен, кога ќе биде лансирана новата колекција. Две од продавниците ќе бидат отворени во трговскиот центар City park, каде едната ќе биде за облека за возрасни, додека другата ќе биде наменета за облека за деца. Третата продавница ќе биде сместена во центаро Emporium, каде ќе се продава облека за сите возрасти.

GAP првата франшиза ја имаше во 2006 година, по што досега има отворено повеќе од 300 продавници.